Фудбал по победата над Салцбург

Инзаги: Горди сме на третиот последователен пласман на Интер во плејофот од ЛШ

Момците одиграа добро против силен и млад тим со играчи кои трчаат многу. Многу е тешко да се игра против нив. Но, во вториот дел од натпреварот бевме подобри бидејќи нивниот интензитет малку падна и според мене заслуживме да победиме, вели Инзаги.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го пофали својот тим по победата над Салцбург (1:0) вчеравечер во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Момците одиграа добро против силен и млад тим со играчи кои трчаат многу. Многу е тешко да се игра против нив. Но, во вториот дел од натпреварот бевме подобри бидејќи нивниот интензитет малку падна и според мене заслуживме да победиме. Горди сме што успеавме да ја поминеме групната фаза на два меча до крајот, не беше лесно. Трета сезона по ред сме во плејофот и тоа е сосема заслужено, изјави Инзаги за сајтот на УЕФА.

Од групата Д, заедно со Интер, пласман во плејофот обезбеди и Реал Сосиедад.

Во следното коло Интер ќе игра на гости кај Бенфика на 29 ноември.

To top