Интер е заинтересиран за услугите на 18-годишниот крилен напаѓач на Сантос, Робињо Жуниор, кој е син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, јавија италијанските медиуми.
Иако Интер досега не испрати официјална понуда до Сантос, медиумите наведуваат дека италијанскиот гигант е подготвен да плати 22 милиони евра за потписот на Робињо Жуниор, кој беше во Италија за време на божиќните празници и го посети тренинг центарот на Интер.
Младиот бразилски фудбалер дебитираше за сениорскиот тим на Сантос минатата година. Досега има 15 настапи, но само еднаш се најде во почетниот состав. Желбата на Робињо е да остане во Бразил барем уште една година пред да ја продолжи кариерата во Европа.
Неговиот татко настапуваше за Милан, Манчестер Сити и Реал Мадрид, а одигра 100 натпревари за бразилската репрезентација, постигнувајќи 28 голови.