Аргентинскиот напаѓач и капитен на Интер, Лаутаро Мартинез, доби нов договор од управата на „нераѕурите“.
Новата соработка беше најавена уште пред неколку месеци, а официјалната потврда се очекува до крајот на следната недела.
Мартинез во моментов има важечки договор до 2026 година, но со новиот потпис ќе се обврзе на престој во Милано уште најмалку три години, а воедно ќе добие и зголемување на платата.
Аргентинската ѕвезда ќе заработува нешто над девет милиони евра годишно, (плус дополнителни бонуси за освоени трофеи), а во договорот предвидени се и клаузули за неговиот личен учинок.