Победата против Рома на Интер ќе биде во сенка откако остана без услугите на два значајни фудбаери.
Хакан Чалханоглу го напушти теренот по 12. минути, а Франческо Ачерби по 27. минути. Овие двајца со сигурност ќе го пропуштат натпреварот против Јанг Бојс во Лигата на Шампионите, а постои голема неизвесност и дали ќе можат да му помогнат на својот тим во викенд дербито против Јувентус.
Според информациите на италијанските медиуми Турчинот и Италијанецот ќе го пропуштат и дербито на Италија.