Лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер ја отфрли понудата од турски Галатасарај за играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу, објавија италијанските медиуми.
Според истите извори, Галатасарај понудил околу 25 милиони евра за трансфер на 31-годишниот Чалханоглу во јануарскиот преоден рок.
Договорот на Чалханоглу со Интер е активен до крајот на идната сезона, а италијанскиот тим не сака да се раздели со него во оваа фаза.
Турчинот му се приклучи на Интер пред пет години од градскиот ривал Милан, за кој настапуваше четири сезони.