Во драма каква што може да режираат само најголемите режисери на сите времиња, Интер ја совлада Барселона со 4:3 во продолженија и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони!
Со вкупен резултат 7:6 фудбалерите на Интер ја совладаа големата Барселона и се пласираа во своето седмо европско финале на Лига на шампиони.
Последен пат нераѕурите играа големо финале во 2023-та година против Манчестер Сити а сега пак ќе се борат за круната наменета за европски шампион.
Интер воден од преку 70.000 свои френетични навивачи водеше на паузата 2:0. Барселона, која сезонава направи бројни пресврти, повторно покажа дека со командантот Ханси Флик од клупата е екипа за големи дела и во вториот дел направи целосен пресврт 2:3.
Во судискот продолжение кога никој не веруваше дека чудо може да се случи, чудо се случи! 37-годишниот Франческо Ачерби, јунак над јунаците, постигна неверојатен погодок за 3:3 и го однесе мечот во продолженија.
Иранецот Тареми по маестрален продор на Маркус Турам му мести идеална топка на Давиде Фратези кој постигна гол за 4:3 и делириум на трибините. Победа на Интер 4:3 за пласман во големото финале каде ќе го чека подобриот од дуелот ПСЖ – Арсенал.