Фудбал

Интер го продолжи договорот со Дамфрис до 2028 година

Интер го продолжи договорот со Дамфрис до 2028 година

Холандскиот десен бек Дензел Дамфрис го продолжи договорот со италијанскиот клуб Интер до летото 2028 година.

Дамфрис, кој се приклучи на клубот во 2021 година, досега одигра 147 натпревари за „нероаѕурите“.

„Интер Милано потврдува дека Дензел Дамфрис го продолжи својот договор. 28-годишниот играч за врска потпиша до 30 јуни 2028 година“, објави клубот.

 

To top