Интер дојде до пехарот во италијанската Серија А, а славјето на 20. Скудето во историјата беше бурно и играчите заедно со навивачите пеаја навредувачки песни кон Милан и кон дел од играчите.
Најголем дел од тие скандирања беа насочени кон Тео Ернандес, па токму за тоа новиот италијански првак е санкциониран со 3000 евра.
Засега неказнет останува дефанзивецот Дензел Дамфрис кој зема еден банер во кој беше претставен како газда и држеше куче на ланец при што на главата на животното имаше фотографија од Ернандес.