Интер ќе биде домаќин на Милан во големото градско дерби, а актуелниот италијански првак има има дополнителен мотив да победи.
Екипата предводена од Симоне Инѕаги има низа од шест победи по ред против Милан, а досега никогаш не се случило еден клуб да нареди седум триумфи во низа над градскиот ривал.
Доколку Интер победи в недела, тоа ќе биде историска и рекордна седма победа по ред над Милан.
Оваа доминација на Интер започна во сезоната 2022/23 кога градските ривали играа четири пати и Нераѕурите победија и тоа два пати во полуфиналето на Лигата на шампиони (2:0 и 1:0), како и победа од 1:0 во Серија А и убедлив триумф од 3:0 во Суперкупот на Италија.