Фудбал АДИССДП

„Имаат огромен долг“: Се огласија одговорните, еве што велат по забраната на ФК Вардар да игра на „Тодор Проески“

ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен.

„Имаат огромен долг“: Се огласија одговорните, еве што велат по забраната на ФК Вардар да игра на „Тодор Проески“

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) денес излезе со објаснување за одбивањето на ФК Вардар да игра како домаќин на Националната арена „Тодор Проески“.

Од Друштвото како единствена причина за недавањето на Вардар го користи стадионот го посочуваат долгот кој со години не е подмирен.

-Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг, стои во соопштението на АДИССДП.

Оттаму ги отфрлаат обвинувањата од ФК Вардар и како дрска и безобразна ја оценуваат реториката во соопштението на „црвено-црните“.

-Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.

АДИССДП уште еднаш истакнува дека Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила.

ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен.

Вардар натпреварите од Првата македонска фудбалска лига како домаќин сезонава ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

To top