Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Илкај Гундоган (34) го напушти Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, објавија од овој клуб.
Гундоган потпиша двегодишен договор со Галатасарај, ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, откако го носеше дресот на „Граѓаните“ вкупно осум години во два наврати.
Германскиот играч од средниот ред играше за Сити од 2016 до 2023 година, а потоа и минатата сезона.
Вкупно, тој одигра 358 натпревари во сите натпреварувања и постигна 65 голови. Во меѓувреме, го носеше дресот на Барселона една сезона, а во текот на кариерата играше и за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум.