Фудбал

Играч на Тотенхем се соочува со сериозна казна

ФА е блиску до одлука за случајот, бидејќи забраната на Бентанкур се уште не е официјализирана, но според „Дејли Мејл“ тоа ќе биде седум или повеќе натпревари.

Играч на Тотенхем се соочува со сериозна казна

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе биде казнет од ФА поради расистички коментари.

Во јуни, во една ТВ-емисија во неговата татковина, Бентанкур беше запрашан дали има дрес од неговиот соиграч Сон, тој одговори: „На Сони? Тоа може да е и на неговиот братучед затоа што сите Корејци се горе-долу исти“.

Набргу потоа, уругвајскиот играч од средниот ред се извини на социјалните мрежи на Сон, признавајќи дека тоа било „несмасна шега“ и дека „никогаш не сакал да го навреди или повреди“.

ФА е блиску до одлука за случајот, бидејќи забраната на Бентанкур се уште не е официјализирана, но според „Дејли Мејл“ тоа ќе биде седум или повеќе натпревари.

Ова секако ќе биде сериозен удар и за играчот и за Тотенхем и за тренерот Анже Постекоглу.  (МИА)

To top