Мунир Насрауи, таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, е избоден со нож на паркинг во Матаро, пишуваат шпанските медиуми.
Мажот е префрлен во болницата „Цан Рути“ во Бадалона и е во тешка здравствена состојба.
Одговорноста за случајот ја презеде истражната единица „Мосос д’Ескуадра“ во Матаро и во соработка со општинската полиција во градот успеа да лоцира неколку сведоци на инцидентот.
Полицијата работи на инцидентот, како што пренесуваат медиумите, но сè уште е рано да се утврди како се случил.
Се сомнева дека нападот е резултат на претходна тепачка од засега непознати причини во која можел да биде вмешан таткото на младиот фудбалер на Барселона.