Фудбал данска

Хојлунд: Не го исмејував Роналдо, тој е мојот идол од 2009 година

Данскиот фудбалер Расмус Хојлунд изјави дека немал намера да се потсмева на својот идол Кристијано Роналдо откако го прослави победничкиот гол против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нации на ист начин како и славниот Португалец – со скокање и извикување „Сиууу“.

Ниту го исмејував Роналдо, ниту нешто слично, јас секогаш кажувам дека тој има големо значење за мене и мојата фудбалска кариера. Играв против најдобриот светски фудбалер, мојот идол, и не можеше да биде подобро да постигнам гол за победа. Го гледав Роналдо во 2009 година кога постигна слободен удар и оттогаш сум негов голем фан, изјави Хојлунд.

Реваншот меѓу Португалија и Данска е во недела во Лисабон. Победникот од полуфиналето оди во квалификациската група за СП 2026 со Унгарија, Ирска и Ерменија, додека поразениот ќе игра со Грција, Шкотска и Белорусија.

To top