Фудбал

Хименез: Тешки се натпреварите во Серија А

Хименез: Тешки се натпреварите во Серија А

Откако на теренот двете екипи останаа со по десет играчи, оваа ситуација подобро ја искористија гостите од Милано кои преку резервистите Рафаел Леао и Сантијаго Хименез стрелаа во 68 и 76 минута за десетто славје на „црвено-црните“ во шампионатот.

За напаѓачот Хименез ова воедно беш деби погодок во новиот клуб за кого претходно забележа асистенција во Куп соочувањето со Рома.

-Навистина сум благодарен на тимот, ова беше добра можност да дојдам овде. Натпреварите се секогаш тешки во Серија А, па моравме да притискаме навистина силно, но успеавме, -рече Мексиканецот кој даде краток коментар за следниот меч против Феенорд во ЛШ, тимот за кого буквално настапуваше до „вчера“.

-Ќе биде навистина тешко, тоа се многу емоции бидејќи Феенорд ми даде многу, тие ми се како семејство, -порача голгетерот за „Дазн“.

To top