Шпанскиот ветеран Хесус Навас по завршувањето на сезоната ќе остане во својот матичен клуб Севилја. Навас ќе потпише доживотен договор со шпанскиот клуб.
Сензационалната вест од Шпанија доаѓа само еден ден откако Навас објави дека се повлекува од фудбалот откако не доби нова понуда од Севилја.
Севиља сепак информираше дека клубот ќе му понуди нов, невиден договор на својата клупска легенда.
Навас ќе продолжи да игра за Севилја до крајот на годината, а потоа сам ќе избере на која позиција ќе работи во клубот.