Херој на Португалците за пласман во четврфиналето беше голманот Диого Кошта кој испиша историја.
Имено тој е првиот голман кој на едно ЕП успеа да ги одбрани првите три пенали, исто така тој е првиот голман кој успела да ја сочува својата мрежа по пенал серијата.
„Ова е веројатно најдобрата партија во мојот живот. Бранев по малку и инстиктивно, секако дека ги анализиравме изведувачите на пеналите. Јасно е дека сум среќен што успеавме“ рече покрај другото португалскиот голман по мечот на кој тој беше херојот.