Фудбалската федерација на Бугарија сакаше мечот Бугарија и Унгарија да се игра без публика, а тоа дополнително го навлече гневот кај бугарските фанови кои ионака не се задоволни од фудбалските власти.
И покрај забранта, илијадници Бугари тргнаа кон стадионот „Васил Левски“, а на патот до него се случуваа големи инциденти во кои има повеќе повредени и од двете страни, протестантите и полицијата.
Навивачите фрлале со факели и тврди предмети, полицијата враќала со водени топови. Има и голема материјална штета.
Бугарските навивачи протестираат против претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Михајлов, бараат негова смена.gp
🇪🇺 Riots in Sofia after united Bulgarian ultras clashed with police as a protest against Bulgarian Football Association 16/11/2023 pic.twitter.com/RPo18Bb2uE
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) November 16, 2023