Фудбал

Хајдук Сплит официјално потпиша со Иван Ракитиќ

Хајдук Сплит официјално потпиша со Иван Ракитиќ

Хрватскиот фудбалки клуб Хајдук од Сплит излезе со соопштение со кое го потврди трансферот на еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, Иван Ракитиќ.

„Хајдук со особено задоволство може да потврди дека Иван Ракитиќ во наредната сезона ќе го носи белиот дрес! Еден од најголемите играчи во историјата на хрватскиот фудбал, нешто пред полноќ го потпиша договорот со Хајдук кој трае до крајот на наредната сезона со опција за уште една година“, стои во соопштението на екипата од Сплит.

To top