Хрватските медиуми пишуваат дека Хајдук пронајде ново засилување во нападот, а тоа доаѓа од поранешниот шампион на Франција, Бордо.
Бордо го загуби статусот на професионален клуб по сериозните финансиски проблеми, па играчите добија можност да преговараат слободно со останати тимови, а Словенецот Жан Випотник веќе е во разговори со Хајдук и наскоро се очекува комплетирање на трансферот.