Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути го спореди Јамин Ламал со Меси и со себе.
Тој рече дека такво нешто нема видено ниту кај Меси кога бил на негови години. Јамал моментално е еден од најдобрите млади играчи во светот, и многумина веќе го гледаат како сериозна замена за славниот Аргентинец кој во моментов нстапива за Интер Мајами.
„Она што тој го прави е светлосни години понапред од она што го направив јас. Најдобро? Што значи да се биде најдобар? Да се биде најдобар значи да се биде најдобар на секоја турнеја, а тој не е најдобар на секоја турнеја. Со него е исто како со Мбапе, со Винисиус… Има неверојатен талент, често велиме дека нема голови, но со своите додавања го решава исходот на натпреварот. Тој е еден од оние играчи кои можат да одлучат натпревар со една акција. Не сум видел Меси да го прави тоа на оваа возраст. На крајот на краиштата, тој игра во Примера лига додека се уште е јуниор. Сега ова момче е референтна точка за Барселона“, рече Гути.