Фудбал

Грузија преку Португалија до осминафиналето на ЕП, Турска со победа во следната фаза

Грузија преку Португалија до осминафиналето на ЕП, Турска со победа во следната фаза

Грузија вечерва ја изненади Португалија со 2-0, додека Турција ја совлада Чешка со 2-1 во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Првиот гол за Грузија беше постигнат по само 92 секунди игра, кога Кварацхелија го матира Коста за предност од 1-0, додека вториот погодок го постигна Микутаѕе од пенал во 57. минута од мечот.

Чешка тргна опасно кон голот на Турција, но потоа Барак доби црвен картон и тука почнаа проблемите. Чалханоглу во 51. минута донесе предност за својата селекција, но Соучек ги врати надежите за чудо кај Чесите во 66. минута.

Продолжи борбата и во завршницата од натпреварот, а Турција преку Тосун стигна до вториот гол на мечот и триумф од 2-1.

To top