Горазд Михајлов си поднесе оставка на функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Според информациите од клубот, одлуката на Михајлов е поради приватни причини, а тој и раководството се разделуваат во најдобри и пријателски односи.
Михајлов беше човекот со кој Вардар избори опстанок минатата сезона. Тој седна на клупата на крајот на декември 2023 година, го водеше тимот на вкупно 18 официјални натпревари и ја исполнија заеднички зацртаната цел.