Македонскиот фудбалски тренер Горазд Михајлов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица.
Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството.
Горазд Михајлов од денеска го презеде тимот каде со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев.
Михајлов беше тренер на скопски Вардар каде во средината на август по победата над Пелистер си поднесе оставка.