Тренерот Горан Петрески заедно со неговиот стручен штаб си заминува од ФК Вардар по вчерашниот пораз од Воска Спорт на домашен терен во рамките на редовното коло во ПМФЛ.
Петрески клупата на Вардар ја напушта по два натпревари во кои забележа два порази, освен од Воска, црвено-црните претходно беа поразени и со 3:0 од Шкупи.
“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески.
Засега не е познато кој ќе биде новиот стратег на ФК Вардар.