Фудбал се поплави градот

Големото срце на Бираги: Играше дерби со Јуве, па облече гумени чизми да помага!

Капитенот на Фиорентина со гумени чизми застана рамо до рамо со народот

Големото срце на Бираги: Играше дерби со Јуве, па облече гумени чизми да помага!

Кристијано Бираги е капитен на Фиорентина, а покажа дека се работи за голем човек. Иако играше против Јувентус во дербито на денот во Серија А, Италијанецот утринава реши да облече гумени чизми и да му помага на градот.

Фиренца ја зафатија поплави кои направија голема штета и однесоа човечки животи. Неколку дена по лошиот настан населението работи на расчистување на ѓубрето кое водата го донесе, а меѓу оние кои изглегоа на улиците е и Бираги.

Капитенот на Фиорентина со гумени чизми застана рамо до рамо со народот. Засега, потврдени се 14 жртви во регионот Емилија-Ромања во Италија од поплавите, а многу делови од градовите се без струја.

To top