Поранешниот југословенски репрезентативец и легенда на Реал Мадрид и Партизан, Предраг Мијатовиќ, е прогласен за виновен од судот во Мадрид за финансиски малверзации.
Спортскиот директор на Реал не пријавувал големи хонорари од агентите на фудбалерите, а на тој начин избегнал плаќање данок и ја оштетил државната каса. „Периодико“ пишува дека Мијатовиќ во готово ги извлекувал парите од банскарска сметка во Луксембург, а властите подолго време собирале докази за овие нелегални активности.
55-годишниот Црногорец најпрво беше санкциониран во август минатата година, а сега ќе мора да плати сума од 265.000 евра, за да избегне дополнителни проблеми и евентуална затворска казна.
Се претпоставува дека сумата што ја проневерил се движи околу еден милион евра, а со дел од тие пари екс-фудбалерот купил луксузна вила во близина на Мадрид, за што постојат конкретни докази од обвинителството.