Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Гоце Седлоски повторно се враќа на клупата на Вардар.
Се очекува само официјална промоција на Седлоски како нов тренер на црвено-црните кој низ периодот на пауза во првенството, поради репрезентативните активности, ќе треба да го консолидира тимот по лошиот старт на сезоната.
50-годишниот Гоце Седлоски беше спортски директор на клубот во сезоната 2014/2015, а од 2015 до 2017 година беше и шеф на стручниот штаб на Вардар со кого освои и шампионска титула.
По заминувањето од Вардар беше тренер на летонска Рига, босанскиот Широки Брег како и вториот тим на Динамо Загреб, а во Македонија го водеше тимовите на Шкупи и Работнички.