„Марка“ пишува дека лекарите утврдиле што не е во ред со Лавеци. Имено, му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.
-Езекиел не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психолошко нарушување кое може да предизвика некој да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори, изјави адвокатот на Лавеци.
Тој објасни како една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.
Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.
Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Само во кинескиот клуб Хебеи, заработуваше над 20 милиони долари за сезона. Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.