Фудбал до крајот на ЕП 2024

Германските репрезентативци добија забрана, нема средби со сопругите и девојките

Германија во четвртфиналето на ЕП 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра в петок (5 јули).

Германските репрезентативци добија забрана, нема средби со сопругите и девојките

Сопругите и девојките на германските репрезентативци не смеат да влезат во просториите на националниот тим. Селекторот Јулијан Нагелсман оваа одлука ја донесе по пласманот во четвртфиналето на Евро 2024.

– Нагелсман не сака фудбалерите да бидат деконцентрирани од тренинзите. На играчите на Германија ќе им биде забрането да покануваат сопруги и девојки до крајот на ЕП 2024, објави „Билд“.

Според германскиот медиум, од почетокот на Евро 2024, на сопругите и девојките на играчите им било дозволено да ја посетат германската репрезентација. Сепак, откако Германија стигна до четвртфиналето, повеќе нема да им биде дозволено да влезат во тимскиот хотел. Според селекторот на националниот тим, Јулијан Нагелсман, средбите со сопругите и девојките ќе го одвлечат вниманието на играчите од подготовките за натпреварите.

Германија во четвртфиналето на ЕП 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра в петок (5 јули).

To top