Фудбал

Германската фудбалска легенда Оливер Кан сака да го купи Бордо

Германската фудбалска легенда Оливер Кан сака да го купи Бордо

Како што пренесуваат медиумите во Германија и Франција, Оливер Кан, германската голманска легенда, во свое време секако најдобар голман во светот, преку свои посредници искажал желба да го купи Бордо.

Клубот во моментов се наоѓа во четврта лига, а во блиска иднина не се надзира решавање на проблемите. Секако дека доаѓање на чело на едно такво име, па макар тој бил и Германец, секако е одличен маркетиншки потег.

Сепак сега на потег е сегашното раководство на клубот кое едноставно не може само да го врати Бордо таму каде што му е местото, при врвот на францускиот фудбал.

To top