Екипите на Германија и Шкотска играат со резултат 3:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен во натпреварот со кој се отвора Евро 2024.
Домаќините поведоа во 10. минута со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц. Џамал Мусиала го удвои водството на средината на вториот дел, а Каи Хаверц постигна гол од белата точка непосредно пред паузата.
За прекршокот врз Илкај Гундоган, директен црвен картон доби дефанзивецот на островјаните Рајан Портеус.