Фудбал никаде не оди

Газдите на ПСЖ одговорија на гласините за заминување на Мбапе

Газдите на ПСЖ одговорија на гласините за заминување на Мбапе

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи вели дека сака Килијан Мбапе да остане меѓу „Светците“ и истакна дека ова е најдобриот клуб за него.

Мбапе пристигна во ПСЖ во летото 2017 година од Монако за 180 милиони евра, втора највисока сума во историјата на фудбалот по трансферот на Нејмар од Барселона (222 милиони евра).

Оттогаш до денес успеа да освои трофеи во Франција, но не и во Лигата на шампионите, што беше една од главните цели кога беа донесени скапи засилувања.

„Нема да кријам дека сакам Килијан да остане. Тој е најдобриот играч на светот, а ПСЖ е најдобриот клуб за него“, изјави Ал-Келаифи за RMC.
„Тој е центарот на нашиот проект. Го има најдобриот тренинг центар во светот, најдобриот тренер во светот. Секоја година игра во Лигата на шампионите…“, додаде Ал-Келаифи.

Договорот на Мбапе истекува во јуни и од 1 јануари тој е слободен да бара нов клуб, па медиумите веќе почнаа да шират гласини за неговата иднина и повторно да го споменат Реал Мадрид. Ал Келаифи побара смиреност.

To top