Фудбал

Газдата на Фенербахче заврши со раскрварена глава (ВИДЕО)

Газдата на Фенербахче заврши со раскрварена глава (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фенербахче ремизираа на гости кај Гезтепе во рамките од второто коло во турското првенство.

На полувремето избраниците на Жозе Мурињо имаа предност од 0-2, но на крајот средбата заврши без победник.

Натпреварот се најде во центарот на вниманието и поради нападот врз претседателот на Фенербахче Али Коч.

Првиот човек на турскиот гигант беше физички нападнат на теренот, додека навивачите од трибините фрлаа и разни предмети. Газдата на Фенербахче сепак бил нападнат од човек кој на себе имал акредитација.

Напаѓачот брзо бил идентификуван и приведен, додека на Коч му се пружила лекарска помош.

To top