Репрезентацијата на Шпанија ја победи Грузија со 3-1 на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Сепак, победата остана во сенка на тешката повреда на 19-годишниот Гави, кој во 26-тата минута мораше да биде заменет.
Според првичните информациии се работи за повреда на колената, но тежината на повредата не е позната.
Се шпекулира дека младата ѕвезда на Барселона ги скина лигаментите, а доколку мединцинските прегледи го покажат истото, тоа ќе значи и крај на сезоната за него.