Познатиот поранешен италијански фудбалер и репрезентативец, а сега тренер Џенаро Гатузо со семејството поминал низ вистински терор од една од најозлогласените мафијашки групи во Италија – Ндрангета.
Како што пренесува „Ил Месаџеро“, членовите на мафијата, која е главна во Калабрија, во изминатиот период му се заканувале на семејството на Гатузо.
Во замена за заштита споменатата мафијашка група побарала пари, а главна цел биле таткото на Гатузо, Френк и сестрата Ајда.
Гатузо наводно попуштил и на крајот платил неколку илјади евра, за да се спаси себеси и своите најблиски.
Полицијата успеала да влезе во трага на сторителите и уапсила двајца осомничени. Сепак, тоа не го смири Гатузо, кој размислува да ги пресели членовите на семејството надвор од Италија на безбедно место.
Американските разузнавачки служби во еден момент објавија дека „Ндрангета“ остварува профит од 3% од бруто домашниот производ на Италија од трговија со дрога, рекет и перење пари.