Некогашниот фудбалер и сега тренер на сплитски Хајдук Џенаро Гатузо одлучи да го казни Леон Дајаку на интерно ниво поради беснеењето на клупата за резерви.
Гатузо се обидува да ја задржи атмосферата на највисоко можно ниво, па откако им подели Ајфони на сите фудбалери по победата над Динамо, сега го задолжил Дајаку да плати вечера за сите членови од стручниот штаб и соиграчите на следниот состанок кој ќе го имаат.
Инаку, Гатузо по крајот на мечот веднаш го прифати извинувањето на Албанецот за недоличното однесување, но сепак реши да му врачи интересна казна.