По финалето во Даблин, во кое Аталанта извојува победа од 3-0, Гасперини беше исклучително горд на своите избраници.
„Не само што победивме, туку и како победивме! Го победивме Ливерпул кога беше прв на табелата во Премиер лигата, претходно и Спортинг и сега Баер Леверкузен. Исклучително сум горд на момците“, рече накратко искусниот стратег.