Францускиот тим Плимпик Марсеј официјално ќе се раздели со тренерот ЖанЛуј Гасе, кој сигурно заминува по истекот на актуелната сезона.
Информацијата ја пренесе угледниот „Л’Екип“, кој пишува дека управата не е задоволна од резултатите на тимот и решила да донесе ново тренерско име во текот на летниот преоден рок.
Гасе пристигна во Марсеј на местото на Џенаро Гатузо и успеа да забележи учинок од шест победи, двa реми исхода и пет порази, недоволно за да си осигура статус на долгорочно решение за клупата.