Фудбал

Галатасарај го доведе Осимен, на ред е Рабио

Галатасарај го доведе Осимен, на ред е Рабио

Виктор Осимен откако не успеа да направи трансфер во европски гигант остана надвор од тимот во Наполи и се согласи да се пресели во Турција.

Наполи ја прифати понудата за позајмица на напаѓачот, кој утре треба да пристигне во Истанбул.

Во меѓувреме Галатсарај спрема уште една трансфер „бомба“, односно преговара со Адриен Рабио.

Французинот се уште е без клуб откако замина од Јувентус и Галатсарај се обидува да го убеди да се пресели во Турција.

To top