Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо игра одлично Европското првенство и во дресот на Холандија постигна три гола со кои е помеѓу најдобрите стрелци.
Холанѓаните ја победија Романија во осминафиналето и се пласираа во четвртфиналето, па така тој ќе одигра најмалку уште еден натпревар. Во битка за полуфиналето „лалињата“ ќе играат против репрезентацијата на Турција.
Гакпо во него ќе има можност да го сруши рекордот на Марко Ван Бастен и Патрик Клајверт кој за Холандија постигнале по пет голови на едно Европско првенство.
Зад нив со еден гол повеќе од Гакпо е Руд Ван Нистерлој. Натпреварот против Турција е закажан за сабота со почеток од 21:00 часот.