Фудбал фудбал

Гачевски најави амбициозен Вардар во новата сезона: Одиме по титула!

Вардар славеше над Детонит Плачковица со 2-0 и со тоа избори место во Првата македонска лига и во натпреварувачката 2023/2024.

Гачевски најави амбициозен Вардар во новата сезона: Одиме по титула!

Вардар славеше над Детонит Плачковица со 2-0 и со тоа избори место во Првата македонска лига и во натпреварувачката 2023/2024.

И оваа сезона беше турбулентна за „црвено-црните“, многумина го отпишаа клубот, но истиот воден од навивачката група „Комити“ успеа да пронајде решенија, начин да ги надмине сите пречки и да обезбеди опстанок во најдобрата домашна фудбалска конкуренција.

Со ова беше остварена главната цел со тоа што според капитенот Филип Гачевски веќе во наредната кампања можеме да очекуваме голема промена, далеку поамбициозен Вардар со дури шампионски амбиции.

– Браво момци, целта е остварена!!! Секоја чест Комити!!! Што ветивме – остваривме, наредна сезона одиме по титула! Еден живот – една љубов! Да живее Вардар и Македонија, – порача популарниот Гача.

To top