Фудбал

Габија: Многу сум среќен за нас, за навивачите

Габија: Многу сум среќен за нас, за навивачите

Херој на Милан во градското дерби со Интер беше фудбалерот Матео Габија го реши натпреварот со голот кој го постигна.

– Многу сум среќен за нас, за навивачите. Беше прилично тежок момент во кој работите не одеа добро, но сигурен сум дека овој натпревар ќе ни даде вистински енергетски поттик. Среќен сум поради тимот и луѓето на трибините.Нема да кажам дека игра мора да стане нормална, но овој дух мора да биде норма. Мораме да даваме се од себе на теренот и тоа ќе не направи горди нас и навивачите, па ќе видиме дали резултатите ќе бидат добри за нас или не. Наша должност е да дадеме се од себе. Има негативни моменти во животот и во кариерата, мора да се погрижиме да не се каеме при последниот судиски свиреж и тоа се случи денеска. Секогаш сме со тренерот и покрај тоа што се зборува надвор, -порача Габија.

To top