Фудбал

Фуенте останува шпански селектор до 2026

Фуенте останува шпански селектор до 2026

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека го продолжила договорот со актуелниот селектор Луис де ла Фуенте до лето 2026 година за кога е закажано Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

РФЕФ го објасни продолжувањето на соработката со Фуенте со потребата од стабилност во репрезентацијата пред претстојното Европско првенство во Германија.

Шпанија ќе игра во групата Б со Хрватска, Италија и Албанија.

Фуенте ја презеде селекторската должност од Луис Енрике по елиминацијата во осминафиналето на последното Светско првенство во Катар,

Фуенте веќе освои трофеј со Шпанија со победата против Хрватска во финалето во Ротердам во ланскотго издание на Лигата на нации.

To top