Јавноста во Бразил, а и онаа во остатокот од светот е шокирана со веста дека легендарниот Роберто Карлос итно е хоспитализиран поради операција на срцето.
Рутински систематски преглед кај фудбалерот нашол здравстени аномалии кои што требало да бидат санирани во моментов.
Според информациите Роберто Карсос бил на одмор во родната земја, и заминал на преглед поради минимално згрутчување на ногата. Сепак, лекарското мислење довело до тоа да биде подложен на комплетна магнетна резонанца на целото тело, при што е констатирано неправилно работење на срцето.
По шокантната дијагноза, Карлос веднаш бил примен во болница за операција на срце. Целта на интервенцијата била да се вметне стент. Првично се очекувало процедурата да трае околу 40 минути, но поради проблем што се појавил за време на операцијата, таа била продолжена на речиси три часа.