Фудбал

Фудбалски тренер за прв пат во историјата ќе носи микрофон

Олаф Јансен, тренерот на германскиот третолигаш Викторија Келн, ќе стане првиот тренер во професионалниот фудбал ќе носи микрофон за време на натпревар, објави Дојче Телеком.

„Олаф Јансен ќе биде првиот тренер во професионалниот фудбал што ќе биде „гласен“ и со микрофон на 8 декември. Натпреварот ќе го пренесува сервисот Magenta Sport во сопственост на Телеком.

Практиката во која се озвучени тренери или играчи е вообичаена во популарните американски спортови како кошарка, американски фудбал или хокеј на мраз, но Јансен на тој начин ќе стане првиот таков случај во професионалниот фудбал.

To top