Фудбал

Француски прволигаш суспендира 6- годишен навивач

Француски прволигаш суспендира 6- годишен навивач

Локалниот „Лекип“ наведува дека бил обвинет за фрлање проектили во средината на второто полувреме на мечот против Ремс (0:3) на почетокот на ноември, додека „проектилите“ всушност биле празни хартиени чаши и хартиени топчиња, кои најверојатно ги фрлил кон својот пријател.

Сепак, тие слетале на работ од теренот, надвор од рекламните панели – иако никого не погодиле.

– Малку е тажно, но мораме да дејствуваме по овие прашања и во однос на зголеменото лошо однесување. Треба да ја подигнеме свеста кај оние кои нѐ следат и да покажеме дека стадионот мора да остане место за славење, а не место за исфрлање гнев – велат од клубот.

Овој инцидент е забележан во извештајот на делегатот. Користењето на видео надзор овозможило да се идентификува малолетникот, кому потоа му е забранет влез на стадионот неколку месеци, како и на неговиот старател (кој ги купил и ги држел билетите).

Неговите родители биле контактирани од клубот и по пошта известени за одлуката, што тие не ја оспориле. Суспензијата вклучувала натпревари против Анже, како и Стразбур (во декември) и Ленс (во јануари).

To top