Фудбал

Франција победи со автогол, Мбапе со скршен нос

Франција победи со автогол, Мбапе со скршен нос

Репрезентацијата на Франција со победа над Австрија од 1-0 го започна настапот на Европското првенство, турнир на кој важат за еден од главните фаворити за освојување на пехарот.

„Триколорите“ не блескаа, ама ги освоија трите посакувани бода иако не тие не постигнаа гол во Дизелдорф. Имено клучниот момент се случи во 38 минута кога Бобер си постигна автогол.

Најубавата шанса за зголемување на водство ја пропушти Мбапе, играч кој пак во финишот по еден обид со глава го закачи Дансо и по се изгледа заврши со скршен нос, односно мораше да ја напушти играта.

 

To top