Домаќинот на Европското фудбалско првенство 2024 и актуелниот светски вицепрвак ќе одиграат пријателски натпревар на 23 март во Лион.
Натпреварот, како што е соопштено денеска, ќе биде во рамки на подготовките на двете репрезентации за ЕУРО 2024, кое е на програмата идната од 14 јуни до 14 јули.
Германија оваа година ја заврши со шест порази од 11 натпревари, забележувајќи само три победи, од кои едната токму против Франција во септември во Дортмунд.
Три денови пред контролниот дуел против Франција, домаќинот на ЕУРО 2024 ќе одигра пријателски натпревар во Франкфурт против Холандија. (МИА)