Новиот тренер е актуелен селектор на Словачка, а договорот со Наполи ќе биде со важност до крајот на актуелната сезона.
Калцона паралелно ќе ги извршува двете функции, а со словачкиот национален тим ќе настапи летово и на Европското првенство во Германија.
Калцона не е воопшто непознато име во Неапол, затоа што во минатото беше дел од стручниот штаб на Лучијано Спалети и Маурицио Сари, a претходно работеше како асистент во уште неколку клубови како Перуџа, Соренто, Емполи и Каљари.